Македонски железници – Транспорт информира дека е нормализиран патничкиот и железничкиот сообраќај откако локомотива од товарен воз се излизга од шините.
Штетата, како што информираа од компанијата, е незначителна и локомотивата по техничката проверка, е вратена во сообраќај. За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно.
На ден 17.11.2024 во 21:35 ч., помеѓу станиците Кадина Река и Зелениково се случи вонреден настан, излизгување на локомотива од товарен воз. Локомотивата е подигната од страна на помошен воз на ден 18.11.2024 година во 01:40 ч. Од страна на ЈП ЖРСМ Инфраструктура пругата беше официјално затворена за целосен железнички сообраќај на 18.11.2024 година до 10:50 ч., од кога повторно се воспостави и се нормализира патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Штетата од вонредниот настан е незначителна и локомотивата после техничката проверка веднаш е вратена во сообраќај, стои во информацијата од Македонски железници – Транспорт.
Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на инфомација од МЖ-Транспорт, утринава соопшти дека сообраќајот меѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излетал од шините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.