Фејсбук страницата „Никана.гр“, која пренесува искуства на српски туристи во грција, соопшти дека од мост во Македонија на патот од Грција кон Србија, некој врзал камен на мост, кој удирал во ветробранските стакла на возилата и ги кршел.

„Пренесуваме важно предупредување: „Поздрав, би сакал да споделам едно непријатно искуство и воедно предупредување за сите возачи кои патуваат низ Македонија до Грција. Само што ми се јави син ми, на пат од Грција, каде налета на камен врзан за надвозник во Македонија. Некој врзал камен за мостот и со јаже го спуштил до висина на шофершајбната, така што во каменот налетале уште два автомобили. На син му пукнало ветробранското стакло, оштетен е покривот на друг автомобил. За среќа нема повредени. Замислете автобус каде што ветробранското стакло не е под агол, туку е поставено вертикално и налетува на камен што некој го врзал за надвозникот и го испуштил на автопатот“, стои во објавата на групата, која се повикува на сведоштво од групата Грција инфо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.