– Во следните денови како што и претходно најавивме, времето во Македонија ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека од средината на неделата истите во најтоплите предели ќе се искачуваат и над 30 степени, што значи полека но сигурно доаѓа и првиот поизразен топлотен бран за оваа сезона.

И во Скопскиот регион времето во следните денови ќе биде сончево и се потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 28 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски во прогнозата за Еспресо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.