Времето во Македонија продолжува да биде нестабилно и со услови за поројни дождови. Затоа до четврток се очекуваат нови серии на изразени невремиња кои и понатаму можат да условуваат локални поплавувања и штети. Славчо Попоски препорачува крајна претпазливост.
Инаку од петок, па за време на викендот, атмосферата ќе биде постабилна, иако и тогаш ќе има услови за појава на изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе бидат без поголеми промени, а пораст на истите се очекува од петок и за време на викендот, кога истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, вели метеопрогнозерот Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.