Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец. Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.