Во делови од Гостивар сè уште нема електрична енергија како последица од вчерашното силно невреме. Жителите на населбите Фазанерија и Циглана реагираат дека се без струја дваесет часа и бараат побрзо решавање на проблемот.

Засега не може да се прецизира кога ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Од Електродиструбуција нагласуваат дека поголемиот дел од дефектите на нисконапонска мрежа се отстранети, а во текот на денот ќе се заврши со санација и на преостанатите.

Жителите на градското подрачје во Гостивар навечер се соочија со краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Од Електродиструбуција информираат дека прекини во снабдувањето настанале поради испад на среднонапонски вод.

Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа овој среднонапонски дефект, но во меѓувреме се појавија и дефекти на нисконапонска мрежа, наведуваат од ЕВН Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.