Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во Полошкиот регион, Велешко и Струмичко.
Инаку силен ветер е забележан и во Скопје.

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, велат метеоролозите.

И во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува во среда и четврток во попладневните часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.