Невремето од Охрид се шири во правец на централна Македонија и Скопје, а паралелно нов бран доаѓа од североисток покажуваат најновите снимки на УХМР. Нестабилност проследена со интензивен, пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град сега има во Пехчево. Во Крива Паланка нестабилност проследена со интензивен пороен дожд, велат од Управата.

Во Охрид заседава општинскиот штаб за заштита и спасување, по што ќе следи теренски ангажман на локните комунални претпријатија и институции и претпријатија, што ќе бидат ангажирани за помагање на граѓаните у за санирање ба состојбата по поројниот дожд во Охрид и во околината, Охридско-Стушкиот регион, велат од ЦУК.

ЦУК известува дека по завршување на кризниот штаб на Општина Охрид до Регионалниот ЦУК Охрид е пренесена информацијата дека службите (ЈП Нискоградба, Водовод и ТППЕ- Охрид ) се координираат за постапување по приоритетните пријави за штети. Пријавени се штети на станбен објект, подруми и земјоделски култури.

Инаку, по излегувањето на терен, а и согласно пријавите до 112 во ЦУК и пријавите во Општината, повторно ќе има седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а според ситуацијата ќе се координира и помош од соседни општини согласно ситуација и можности на локалната самоуправа.

Силно невреме го зафати и кичевскиот регион. По силниот дожд и град во Охрид, невремето сега се движи во овој правец.

Од Центарот за управување со кризи велат граѓаните каде што гледаат критични точки од поројот или попречување на пат да пријават на 112 или во Општината, а и директно во локалните комунални претпријатија, додека за испумпување вода во Пожарна и Дирекцијата за заштита и спасување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.