Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне во западните делови од државата ќе има пообилни врнежи и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во петок и сабота ќе преовладува сончево и топло време. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.