Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.
Следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.