Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 25 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност.
По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност, а во петок и сабота повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.