На Попова Шапка утрово се измерени два степени Целзиусови, во Демир Капија 14 степени.

Во Берово се измерени три степени, 6 во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе, 7 степени во Маврови Анови, 8 Струмица, 9 Претор, 10 степени во Прилеп и Виница, 11 Тетово, Охрид и Битола, 12 степени во Штип, Куманово, Дебар и Кавадарци и 13 степени Целзиусови во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Гевгелија.

Од УХМР соопштија дека во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, во југозападните делови со сончеви периоди. Дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.