Од 11 овој месец поради геотехнички истражувања на коловозот ќе има изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола, соопштуваат од АМСМ.

Времениот режим на сообраќај, како што се наведува во соопштението, ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект.

Од АМСМ апелираат до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот.

Времениот режим на сообраќај е со важност од шест месеци, односно до завршување на градежните работи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.