На граничниот премин Табановце во периодот од 10/11 јули годинава од полноќ до 08:30 часот утрово, излез оствариле 1.353 патници, а влез 3.536, соопшти денеска МВР.
Зголемен е бројот на патници и возила во овој период со оглед на годишните одмори. Полицијата, велат од МВР ги презема сите мерки и активности, со цел да излезе во пресрет на сите патници и возила кои го користат овој граничен премин и се ангажираат дополнителни сили, се стават во функција сите расположливи сообраќајни ленти.
Со оглед на годишните одмори и летниот период нормално е и очекувано да имаме зголемен број на патници и возила имајќи предвид дека Република Македонија се користи како транзит земја за туристите на кој крајна дестинација им е Грција, a во овој период имаме и наплив од дијаспората која доаѓа во државата. Согласно ангажманите односно ангажирањето на поголем број на полициски службеници за пасошка контрола се обидуваме времето за пасошка контрола да биде сведено на минимум време за чекање, велат од МВР.
Туристите кои претпладнево ја поминуваа границата кажаа дека чекаат по 15 до 20 минути, што и за нив е изненадувачки брзо и ефикасно, бидејќи велат свесни дека е ек на туристичката сезона и самите очекуваат метеж на граничните премини, патарините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.