Најстудено утрово е на Попова Шапка со -13 степени, во Маврови Анови се измерени минус осум, Крушево минус седум, во Крива Паланка и Берово минус шест, а во Скопје минус два степена. Минусни температури има и во Прилеп, Тетово, Битола, Куманово, Виница, Охрид, Штип, Кавадраци и Велес. Над нулата е само во Гевгели со еден степен, соопшти УХМР.
Во текот на ноќта времето беше претежно облачно. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Изутринава е облачно и студено, наместа дува слаб ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.