Имавме добар живот со сопругот и децата, кои сега се на возраст од 13 и 17 години, се до пред неколку години, кога започна нашата агонија. Првин јас морав да оперирам тумор на мозок, пред две години, а потоа, пред 16 месеци сопругот, прав, здрав маж, шофер, доби мозочен удар и стана неподвижен, во постела.

И двајцата болни, неспособни за работа, не можеме да ги собереме потребните средства за нашето лекување и моравме да замолиме за помош од јавноста – за ,,Фокус” раскажува 43-годишната Мирјана Малчева од кочанско Тркање.

-Живееме со околу 14.000 денари од кои околу 10.000 денари сопругот ги добива како боледување и 4.000 денари нега. Повозрасниот син е ученик во средно училиште, оваа година треба да биде матурант, но мораше да го продолжи школувањето вонредно и да најде работа, за да допринесе дома и да ни помогне.Многу ни е тешко на сите. Освен што се мачиме двајцата болни, и едвај врзуваме крај со крај, не знаеме како да ги собереме потребните средства за лекување.
Не е лесно да се моли за помош од хуманиот народ, но принудени сме на тој чекор, бидејќи друг излез немаме – раскажува Мирјана за „Фокус“.

 

 

Повеќе на „Фокус.мк“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.