– Како што претходно кажавме, утре претпладне се уште ќе има локално и слабо провејување на снег, додека од четврток па натаму времето ќе биде стабилно, суво и особено студено. Во четврток и во петок минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 6 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе имаме особено студено време, а ќе има и сончеви периоди. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 3 степени.

Според Попоски, малку потопло време ќе имаме за време на викендот, кога особено максималните дневни температури ќе бележат тендениција на пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.