Сообраќајната раздвиженост на ГП „Богородица” од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на Велигденските празници. Во моментот за излез од земјава не се чека подолго од десетина минути, потврдија за МИА од дежурната гранична служба.

-За разлика од изминативе две пандемски години, во моментот забележлива е зголемена сообраќајна фреквенција од возила и автобуси. Во изминативе 24 часа, во двете насоки, границата ја поминале 7.500 туристи кои, поради вршење на задолжителните полициски и царински формалности, не се задржале повеќе од пет минути, велат од дежурната гранична служба.

Расположливите капацитети на ГП „Богородица” се ставени во функција, а времето на чекање трае кратко и зависи од моментниот налет на сообраќајните бранови.

Малку подолго трае задржувањето на грчката граница поради дополнителната проверка на ковид сертификатите, ПЦР негативните тестови и брзите антиген тестови чија примена, според најавите од грчка страна, веројатно ќе бидат укинати по 2 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.