Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, викендов ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни и до над 35 литри на квадратен метар.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежливо ќе биде особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.

Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 километри на час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени, соопшти УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.