По земјотрес со интензитет од 5,6 степени, очекувано е со денови, па и недела, а можеби и месец да се почувствуваат афтершокови, како што следеа во текот на изминатата ноќ во Југозападниот регион на земјата. Ова го вели Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје. Таа потсети на земјотресот и подоцнежната активност по земјотресот во Охрид.

-По земјотрес со ваква магнитуда од 5,6 следи афтершокова активност, која што може да трае во зависнот од механизмот на земјотресот од неколку дена, една недела, месец… Се сеќавате на охридската серија во 2017 година, каде што неколку месеци траеше афтершоковата активност. Од активноста на битолскиот расед, до сега од податоците во изминатите сто години, била од 5,2 според Рихтеровата скала, кажа Черних.

Засега не може да се прогнозира дали може да се случи посилен потрес. Се собираат податоците од терен од телеметриските станици, по што ќе биде направена поопсежна анализа со мета податоци за земјотресот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.