Во следните денови, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Исклучок ќе биде недела, кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради влијанието на многу топлата воздушна маса од Африка температурите и тоа особено за време на викендот ќе бележат тенденција на значителен пораст, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Исклучок ќе биде недела попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. Ув – индекост ќе има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9 и 10 – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.