Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје претежно сончево, со минимална температура до 14, а максималната до 33 степени.

УХМР најавува дека и утре ќе преовладува сончево време со свежо утро, а потопло преку денот.

Под влијание на влажен бран в понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура.

Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.