Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и се потопло време. Во попладневните часови, особено утре ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен пороен дожд и грмежи. В петок и сабота ќе биде понестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.