Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Утре ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури, а за време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.