Со почетокот на зимската сезона, Скопје повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот. Скопје во моментов се искачи на шестото место според загаденост на листата на платформата „IQAir” на поголеми градови во светот – со индекс на загаденост од 165. Први на листата се Делхи во Индија и Лахор во Пакистан.
Во европски рамки, барем според мерањата во 11:25 минути, Скопје е на 2-ро место позади Сараево кое има индекс на загаденост од 182.
Од регионот, покрај Сараево и Скопје, и Приштина се најде на листата на градови со загаден воздух, со индекс од 128.
Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.