Успорено движење и возење во колона по магистралниот патен правец Стража -Гостивар е забележано во изминативе два часа. Од сообраќајната полиција информираат дека станува збор за гужва која вообичаено се јавува на крајот од викендот, особено во неделите во вечерните часови на овој патен правец се обраќаат возилата кои доаѓаат од туристичките центри Охрид и Маврово и го користат вечерниот термин за враќање дома.

Од полицијата велат дека на „здуњската крстосница” наместо семафор, протокот се регулира физички и се дава предност.

Повремените застои се должат и на зголемениот број на возила на печалбарите кои деновиве се движат низ регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.