ЈП „Комуна“ Крушево најавува дека дел од градот денес ќе остане без вода, поради премостување на водоводна линија во домаќинство.

Улиците кои ќе се соочат со прекин се следните: „Тодор Проески“, „Томе Никле“, „Ќиро Фетак“, „Мише Ефтим“ и „Благо Целев“.

Правиме интеревенција на водоводна линија во едно домаќинство. За премостувањето целосно да се спроведе мора да има прекин на вода кој очекуваме да не трае долго. Ви благодариме на разбирањето, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.