Согласно барањето за помош што Владата на Босна и Херцеговина вчера вечерта го упати преку Европскиот Механизам за цивилна заштита, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами синоќа во 22.00 часот свикал итен координативен сосанок.

На состанокот се разгледало барањето за помош и се донело одлука Дирекцијата за заштита и спасување да ги упати следните тимови: Тим за пребарување и спасување од урнатини (17 припадници со опрема и 5 возила) и Тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила).

Се очекува Владата на Република БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта.

ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.