Утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени.
Прогноза за 17.10.2024
Минимална температура: 4°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Прогноза за 18.10.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на магла или ниска облачност. Претежно во северозападните делови ќе има појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 19.10.2024
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 11°C до 18°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, понекаде со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.