– Вечерва и утре како што и најавивме, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензиве пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. И во Скопје времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и заислен ветер а во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Што се донесува до температурите, тие утре ќе опаднат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени, додека потоа во следните денови истите повторно ќе бележат тенденција на позначителен пораст, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени – стои во прогнозата на Славчо Поповски објавена на еспресо.мк

Според Попоски, во текот на следната недела повторно во најтолите предели температурите се очекува да надминат 35 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека вечерва, но и утре Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.