Освен некои слаби услови за локален дожд утре попладне, речи си цела оваа недела ќе биде навистина летна а за викендот температурите ќе одат и над 30 степени.
Утрешниот ден се очекува да биде најсвеж оваа недела со дневни температури до 24 степени и утрински околу 12. Услови за дожд ќе има попладне поради што и нема да има многу сонце во текот на денот.
Во среда, веќе ќе настапи разведрување. Денот ќе биде сончев со повремена облачност и температури кои ќе надминуваат 26 степени.
Уште потопло ќе биде во четврток и петок кога се најавува сончево време и температури од 29 максимални степени.
Уште потопло се очекува да биде во сабота. Дневните температури кои се најавуваат одат над 30 степени а во јужните делови на земјата може да надминат и 33.
За во недела се најавува наоблачување кое ќе ги спушти температурите под 25 степени но дожд не се очекува.
Неделата што е пред нас ќе биде последната летна седмица оваа година. Не дека од понеделник доаѓа студ, но не чека многу пооблачно време и температури кои веќе почнуваат да личат на есента, во која влегуваме денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.