Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност и ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималните од 19 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево време со слаб променлив ветер, со температура до 24 степени Целзиусови.
Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавуваат дека од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.