Од денес под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.
Прогноза за 11.11.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално поројни проследени со појава на грмежи. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 12.11.2023
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќните часови кога на повисоките планини ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 13.11.2023
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно, претпладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.