Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

На 11 Октомври се чествуваат 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ . Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.