Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.