Под влијание на влажен и студен бран денеска и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, ссопшти УХМР.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2. На планините ќе се формира нова снежна покривка од 15 до 25 см, а на повисоките места од 10 до 15 см.
Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица.
Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).
Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.
Во Скопје денеска и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во повисоките делови од котлината во текот на ноќва и утре врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.