До четврток во земјава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.

Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи.

Како што информира УХМР, во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Пораст на температурата се очекува кон крајот на неделата.

Според УХМР, во Скопје утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено поројни. Потоа во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.