Метеорологот Славчо Поповски посочува дека новогодишната ноќ нема да биде со снег, а времето ќе се менува од вторник. Сепак, натпросечните температури остануваат.

Новогодишната ноќ не многу студена, стабилна, сува и маглива и загадена по котлините, но веќе од понеделник навечер, а особено од вторник полека времето кај нас ќе започне да се менува и најпрвин ќе има локални врнежи од дожд, но и сеуште натпросечно високи температури на воздухот како и до сега“, вели Поповски.

Според него, се поизвесно е дека веќе од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег.

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе имаме околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран. Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени“, додава Поповски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.