Прашањето каква зима нè очекува се наметнува во услови на енергетска криза во која државите се соочени со предизвикот да обезбедат доволни количини на енергенси и електрична енергија.
Метеоролозите предвидуваат поблага зима од просечната, а еве што ни следи во месеците пред нас:
Октомври
Да ја протуркаме до крај оваа недела во која времето ќе ни биде тмурно, облачно и со врнежи од дожд и наредната повторно му се враќаме на сонцето. Барем таква е прогнозата која денеска ја имаат синоптичарите.
Уште за викендот ќе имаме благ пораст на температурите и релативно потопло време со дневни температури кои ќе надминуваат 20 степени.
Од почетокот на идната недела повторно ќе ни се врати сончевото време. Практично до средина од работната недела ќе имаме сончево време и тоа како што сега стојат работите ќе бидат последните сончеви денови за оваа година.
Последната недела од октомври ќе донесе нешто пониски температури и генерално посвежо време.
Ноември
Ноември ќе почне со дожд и ќе биде месец во кој главно ќе не следат врнежливи денови. Тоа особено ќе биде изразено кон средина на месецот кога нема да има ден кога нема да врне. Веќе во втората половина на месецот ќе се создадат и услови за снежни врнежи во котлините кога и се очекуваат температури кои наутро ќе се спуштаат под нула а во текот на денот нема да одат на 6 – 7 степени.
Просечната дневна температура во ноември ќе биде околу 12 степени а просечната утринска околу 2 степени.
Декември
Последниот месец од годината нема да биде студен како што сме навикнати. Температурите наутро речи си редовно ќе бидат негативни но дневните се очекува да не се спуштат под 5 степени. Се очекува променливо време во кое ќе има врнежи од дожд но не и некои посериозни снежни врнежи. Снег е можно да паѓа во последните две недели од месецот но со оглед на тоа дека дневните температури би оделе и до 7 степени, снежна покривка не би требало да се очекува.
Во текот на декември според сегашните долгорочни прогнози најниската температура се очекува да не се пушти под минус 5 а максималната да не помине 8 степени.
Просечната дневна температура би требало да биде околу 5 степени а просечната утринска околу минус 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.