Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните темератури се спуштија од 5 до 12 степени Целзиусови, додека максималните ќе се движат од девет до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне 19 степени Целзиусови.

Во текот на утрешниот ден ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачат и до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Температурата ќе достигне до 23 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.