Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува утрото да биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време. Утре и задутре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа, следува стабилно време со пораст на температурите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.