Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер над 60 километри на час од јужен правец, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура е во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени Целзиусови.

Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.