Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура е во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје, утрото е променливо облачно, а преку ден ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени Целзиусови.
За следните денови, синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.