Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура е во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа следува период на стабилно и потопло време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.