Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени Целзиусови.
Во деновите од викендов времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Под влијание на постудена воздушна маса од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста. Потоа преку денот ќе почнат врнежи од дожд, повремено поројни проследени со засилен северен ветер и појава на грмежи, а температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во однос на претходниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.