Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура е во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен Целзиусов.
Од утре до среда ќе биде променливо облачно, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.
Како што соопшти УХМР, од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.