Времето денеска во ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура е во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

Од недела следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.