Времето денеска ќе биде сончево со мала, во северозападните и западните делови умерена облачност, која до крајот на денот ќе се зголеми и прошири и во останатите делови.

Во текот на ноќта кон недела во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала, а попладне умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени.

В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец. В понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови.

Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.