Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од УХМР најавија дека од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.