Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието повремено ќе засилува.
Како што соопштија од УХМР, минималната температура е биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.
Во првите два дена од новата седмица ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег, се очекува во среда и четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.